Претседателот Ѓорге Иванов го формираше советот за безбедност. Освен функционерите кои учествуваат по функција, нови членови се поранешната пратеничка на ДПА, потоа на Нова демократоија, Флора Кадриу, како и Насер Сејдини. Во Советот членуваат и претседателот Ѓорге Иванов, собранискиот спикер Трајко Вељановски, премиерот Никола Груевски, министрите за одбрана , внатрешни и надворешни – Зоран Јолевски, Гордана Јанкуловска и Никола Попоски.
Од стариот состав член останува и Вели Креци. Во минатиот состав членуваше и генералниот секретра на ДУИ, Абдулаќим Адеми, но по бојкотот на ДУИ на претседателските избори и пораките дека не го прзинаваат легитимитетот на претседателот Иванов, шефот на државата не им понуди место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.