Сегашниот период е „поопасен” од времето на Студената војна, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, цитиран денеска во „Билд”.
– Илузија е да сметаме дека станува збор за студената војна од некое време. Денешните времиња се различни, поопасни, изјави првиот дипломат на Германија за најчитаниот весник во земјата.
– Опасноста од воен судир е значителна, додава поранешниот германски дипломат Волфганг Ишингер, некогашен посредник на ОБСЕ за Украина.
– Оваа опасност не била толку суштествена во последниве децении, а довербата меѓу Западот и Истокот никогаш не била толку слаба”, додава тој, цитиран во истата статија.
На почетокот на неделава, САД ги замрзнаа преговорите со Русија за примирје во Сирија, а во вчера ги обвинија Москва и Дамаск дека вршат „воени злосторства” во Алепо.
Односите меѓу двете големи сили се повеќе се влошуваат по неуспехот на примирјето кое траеше едвај една недела, а чии иницијатори беа токму тие.
Денеска се очекува Советот за безбедност на ОН да разгледа две предлог-резолуции, насочени кон запирање на огнот во Алепо.
За пет години, во војната во Сирија загинаа над 300.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.