Египет вчера ја блокираше резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, која ја поддржаа САД, а со која се осудува обидот за воен удар во Турција, изјавија дипломати, јави Танјуг.
САД по консултации со претставници на Турција предложија нацрт-резолуција со која се повикуваат „сите страни во Турција да ја почитуваат демократски избраната Влада.
Меѓутоа Египет, земја која моментално е непостојана членка на Советот, имаше забелешка.
Односите меѓу Египет и Владата на Реџеп Таип Ердоган се особено тензични, поради тоа што Ердоган ги поддржува Муслимански браќа на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, кого египетската војска го собори од власт во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.