-И јас и Комитите ја имаме онаа слоган – Никој како тебе брат. Тоа се мои браќа, знам дека ќе ме бодрат вечерва. Секако ќе навиваат за Вардар, но ќе навиваат и за Веселин Вујовиќ. Каде и да бидам тоа е нераскинлива врска. Горд сум што таа навивачка група ме прифати така, со цело срце е со мене. Моето срце е офарбано црвено-црно – вели Веселин Вујовиќ, поранешниот тренер на Вардар за „Република“.
Тој денеска ќе го предводи тимот на ППД Загреб против Вардар во дулот од Сеха Лига.
Тој зборува за дерби дуелите меѓу Вардар и Металург, нешто што, како што вели, го нема ниту една земја во регионот. Тој во ЛШ се надева дека ќе го победи Металург на домашен терен. Вели ги познава играчите на Металург, тренерот Лино Червар, но верува во својата екипа.
-Со доаѓањето на Веселин Вујовиќ и Лино Червар во Македонија се направи многу за македонскиот ракомет – смета поранешниот тренер на црвено-црните.
(Разговараше: Владо Оцевски | Видео: Дејан Станчевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)