| четврток, 6 декември 2018 |

Расчистен „мега“ грабежот во општина Центар

opstina centar„Мега“ грабежот во скопската општина Центар расчистен. Полицијата уапсила три лица кои пред неколку недели провалиле во општинската зграда. Стравот дека се украдени купишта документи е непотребен. Истрагата покажала дека крадците однеле два рутери и 6 кабли како и еден „џек“ за приклучување видео бим.

Се работи за лица познати на полицијата, во чие досие се заведени стотици кражби низ Скопје.

Центар тогаш беше во паника. Градоначалникот Андреј Жерновски веднаш по провалата излезе со став дека се украдени торби со документи.

„„Би сакал да биде обичен грабеж, но сето ова остава простор за сериозно сомневање дали се работи за обичен грабеж. Интересно е дека од сите општини само во општина Центар се случуваат вакви работи“, рече по кражбата градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Како првоосмничен за кражбата во Центар полицијата го води извесен Асан Кемал кој заедно со уште две лица ги украл двата рутери.
Јавноста со право е „загрижена“ поради штетата што оваа кражба му ја направи на општинскиот буџет и „стравува“ во иднина да не се повторат вакви ситуации кои на Жерновски ќе му остават „простор за сериозно соменвање“ дека се работи за обичен грабеж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top