Посакуваниот Џорџ Клуни и прекрасната Амал Аламудин ја крунисаа својата љубов со брак во романтичната Венеција, а четиридневната прослава го привлече вниманието на светската јавност.
Првите фотографии од самата венчавка беа објавени од списанијата „People“ и „Hello!“, а младенците споделија и детали од големиот ден. Невестинскиот фустан на 36-годишната успешна адвокатка и активистка е дело на Оскар де ла Рента. Венчаницата од француска чипка била декорирана со бисери и блескави камења кои имитирале дијаманти.
Клуни пак му го довери изгледот на својот долгогодишен пријател Џорџо Армани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.