| четврток, 6 декември 2018 |

Врзаниот безбедносен појас спасува живот (ВИДЕО)

pojasГодишно во светот во сообраќајни несреќи гинат 1,25 милион луѓе и ако продолжи сегашниот тренд до 2030 година бројот на жртвите тројно ќе се зголеми на 3,6 милиони жртви, покажуваат резултатите од истражувањето на „Глобално бреме на болестите“. Над 50 милиони луѓе годишно во светот се повредени во сообраќајни несреќи.

Во Македонија податоците покажуваат дека на патиштата во земјава секој втор ден згаснува по еден живот, а бројот на загинати во сообраќајни незгоди во 2013 година достигна 198 лица или 9 жртви на секои 100 илјади жители.

Многу земји низ светот преку различни кампањи се борат за намалување на несреќите во кои згаснуваат човечки животи. Истражувањата покажуваат дека со разумност и големо внимание на безбедноста, можат да се избегнат многу несреќи.

Безбедносниот појас е за твоја безбедност, но и безбедност на останатите во возилото. Една владина агенција во САД заклучила дека меѓу 2005 и 2009 година, само во таа земја безбедносните појаси им го спасиле животот на преку 72.000 луѓе. Дали воздушното перниче е замена за појасот? Не. Воздушното перниче е дополнение на безбедносниот појас за поголема безбедност.

Ако не ти е ставен појасот, нема многу корист од перничето — може да биде дури и опасно, покажуваат испитувањата.  Затоа, нека ти биде навика да го ставаш појасот, а обрни внимание и другите во автомобилот да го направат истото.

Ова е само еден спот од светските кампањи за безбедност во сообраќајот, кои ја покажуваат важноста на сигурносниот појас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top