Фудбалерите на Лацио синоќа на гостувањето во Сицилија го совладаа Палермо со 4:0, а јунак на натпреварот беше Филип Ѓорѓевиќ кој постигна хет-трик.
Првиот гол Ѓорѓевиќ го постигна во 45. минута, а потоа мрежата ја погоди во 75. минута и во 83. минута. Последниот гол за „лацијалите“ го постигна Марко Пароло во 93. минута.
Лацио по двата пораза ја оствари втората победа и со шест бода е на 9. место на табелата.
Палермо по поразот остана на три бода на претпоследното место, колку што имаат Емполи, Парма и Сасуоло.
На вториот натпревар одигран синоќа Удинезе ја победи Парма со 4:2, а два гола за домашниот тим постигна Антонио ди Натале.
Во редовите на Парма на клупата остана македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.
Табела: Јувентус 15 бода, Рома 15, Удинезе 12, Сампдорија 11,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.