Српската старлета Сораја Вучевиќ е главен сведок на мафијашкото убиство што се случи на 16 септември во Бар, Црна Гора. Поради тоа, цронгорските медиуми пишуваат дека таа итно ќе биде сослушана од тамошните власти.
– Сораја во тоа време престојувала во Црна Гора каде што снимала спот. За снимањето на спотот ѝ требало луксузен автомобил, па решила да побара помош од Армин Муша Османагиќ, кој бил нејзин пријател. Сакајќи да го позајми неговото „бентли“, го повикала во ресторан во Бар, каде што била со уште една другарка. Откако ручале заедно, Сораја го добила автомобилот и заминала на снимање. Половина час подоцна ѝ јавиле дека Армин е убиен -раскажува анонимен извор за српски „Ало“.
Османагиќ е убиен на 16 септември околу 13.25 часот пред неговиот локал „Савоја“ во ценарот на Бар, а на повредите им подлегнал во болница. Според тамошните медиуми, бил погоден со снајпер, а се претпоставува дека е пукано од автомобил „рено меган“ кој потоа е пронајден запален заедно со пушката од која е пукано.
Армин Муша Османагиќ во полициската евиденција се води како водач на барскиот клан и како еден од учесниците во убиството на уредникот на весникот Дан, Душко Јовановиќ, иако тоа никогаш не беше докажано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка