| четврток, 6 декември 2018 |

И Турција влегува во војна против Исламската држава

ердоган

Турција најави дека ќе влезе во коалицијата на држави кои се борат против Исламската држава. Турската армија вчера распоредила тенкови и оклопни транспортери за да ја засили безбедноста на границата кон Сирија, а владата денеска ќе испрати барање до парламентот да одобри воена акција против припадниците на Исламската држава во рамките на антитерористиката кампања на западните и на арапските земји под водство на САД.

Турција првично одби да се приклучи на коалицијата додека исламистите држеа како заложници повеќе десетици Турци. Откако беа ослободени, претседателот Реџеп Таип Ердоган најави дека неговата земја ќе се приклучи кон акцијата потенцирајќи дека ставот на Анкара е променет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top