Познатиот рапер Виз Калифа и неговата сопруга Амбер Роуз се разведуваат. 30-годишната Амбер поднела молба за развод оваа недела, по само 14 месеци брак. Од Us Weekly потврдуваат дека документите веќе се поднесени во судот во Лос Анџелес.
Причината за разделбата на двојката е вообичаена како кај повеќето разводи – “непремостливи разлики”. Покрај официјалната разделба, моделот сака да добие и целосно старателство над нивниот син Себастијан, кој се роди во февруари 2013 година.
Според сајтот TMZ не е исклучено оваа жестока разделба да е испровоцирана од неверство. 27-годишниот Виз Калифа и предложи брак на својата сакана во март 2012 година – по околу една година од почетокот на нивната врска.
Пред два дена таа ја објавува на својот twitter профил следнава порака: “Го преживувам овој момент повторно, и повторно, и повторно ….”. Раперот од своја страна напиша малку пред тоа: “Нема грешки” и во понеделникот: “Секој заслужува да биде сакан”.
Амбер Роуз беше со Кание Вест од 2008 до 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



