
Милиони луѓе низ светот негуваат јавна љубовна афера со кафето. Неодоливата арома на топло кафе наутро ги буди нашите сетила и нè уверува дека станување од кревет не било залудно, додека секоја голтка нè исполнува со енергија и желба да го зграпчиме денот.
Земјите кои го слават Меѓународниот ден на кафето најчесто на оваа дата го потсетуваат населението за долгата историја на пиење кафе и на важноста на чесната, етичка трговија со кафе. Делење на бесплатно кафе на 29 септември е практика на многу брендови.
Денес во никој случај не го прескокнувајте ритуалот на релаксирачко пиење на кафе, а притоа дозволете ѝ на секоја голтка да развиори динамичен танц во вашата уста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


