| четврток, 6 декември 2018 |

Делавињ: Чекори по пистата како штотуку да си имала многу секс!

aSÉb·
Кара Делавињ, британската манекенка и најголемиот бунтовник во светот на модата, за сите манекенки има повеќе од интересен совет, односно проверен начин како на пистата да одат самоуверено.

Манекенката во интервјуто за списанието „W“ изјавила дека долго време ѝ требало да сфати дека одењето на високи потпетици треба да го гледа како забава.

– Кога првпат одев по писта, одев како никогаш во животот да не сум имала секс, тогаш некој ми рече, не се сеќавам кој: „Чекори како штотуку да си имала многу секс“ – рекла манекенката.

Кара во интервјуто ја спомнала и псоријазата, која со години ѝ била главен извор на нејзината несигурност.

Но, спомнала и уште некои занимливости.

– Долго време ми требаше да се навикнам на облеката, обожавав да бидам гола – рекла Кара.

Таа открила дека на родителите им приредувала изненадувања кога во продавниците би се соблекла гола. Таа додала и дека во нејзиното семејство има многу нудисти.

Бунтовната манекенка изјавила дека ѝ е тешко со мажите да биде пријател бидејќи повеќето од нив сакаат само секс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top