| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре во продажба билетите за Вардар – Чеховски Медведи

Сите заинтересирани гледачи што сакаат да бидат дел од историскиот меч на Вардар во новата арена во СЦ „Јане Сандански“ на мечот со Чеховски медведи на 4 октомври, од утре (вторник) ќе може да си купат и поединечен билет за натпреварот.

Откако повеќе од 3.500 блок-билети се купени како сезонски за сите пет домашни натпревари во Лигата на шампионите, за поединечна продажба се останати околу 1.500 билети, во блоковите за седење. Тие ќе бидат по цена од 350 денари, само за натпреварот со рускиот првак Чеховски Медведи.

Дополнително ќе бидат пуштени и околу 800 билети за стоење во дел од секторите каде што за тоа има место, а нивната цена ќе биде 500 денари. Тие до среда ќе се продаваат како блок-билети, а потоа и поединечно за натпреварот по цена од 120 денари.
Билетите може да се купат од вторник од 9 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ или електронски преку продажната мрежа на „МКтикетс“.

Работно време на билетарницата во СЦ „Јане Сандански“ е од 9 до 21 часот секој работен ден.

Извор: РК Вардар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top