| четврток, 6 декември 2018 |

НБА-кошаркар уапсен на граничниот премин „Богородица“

Koturovic boxes outПоранешниот НБА-кошаркар на Бостон селтик, Дејан Котуровиќ на 13 месецов е уапсен на граничниот премин „Богородица“ откако полицијата утврдила дека од Грција влегол во Македонија со украден автомобил, објави Press24 повикувајќи се на полициски извори.

Полицајците утврдиле дека автомобилот „хонда CRV“ што ја управувал со бугарски регистарски ознаки, била украдена, а бројот на шасијата бил преправен.

Полицијата проверила преку Интерпол и дошла до сознание дека автомобилот во Бугарија бил пријавен како украден. Котуриовиќ (41) добил притвор и се наоѓа во затворот во Гевгелија.
Котуровиќ беше европски и светски шампион со репрезентацијата на Југославија, а својата кариера во НБА ја градеше во тимовите на Бостон селтикс и Феникс санс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top