Вејн Руни, играчот на Манчестер јунајтед, заработи црвен картон на натпреварот против Вест хем во рамките на шестото коло од англиската Премиерлига.
Тој се извини за неспортскиот потег кога со нога го удри противничкиот играч Стјуарт Даунинг. Сепак, одлуката за суспензијата на Руни е три натпревари без можност за намалување на казната.
Со оваа суспензија англискиот репрезентативец ќе ги пропушти натпреварите против Евертон, Вест Бромвич и дербито со Челси.
Руни изјави дека немал намера да го удри Даунинг, но одлуката на главниот судија била правилна.
– Судијата одлучи правилно. Заслужено добив црвен картон, но немав намера да го удрам Стјуарт и навистана ми е жал. Тој тргна во конранапад, а мојата цел беше да му ја одземам топката. Тој го смени правецот на движење и се случи тоа што се случи. Превисоко ја кренав ногата и лошо проценив – изјави Вејн Руни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.