| четврток, 6 декември 2018 |

Работа во Катар – сонот станува кошмар

katar
Работата од соништата во Катар е, сепак, само сон што не се остварува. Иако многумина сметаат дека таму е рај за работење, многумина што веќе биле се разочарале од тоа што го добиле како услови за работа. 35-годишната Алма Талетовиќ, по струка физиотерапевтски техничар, за хрватски „Данас“ вели дека нема нормално работно време, платата е доволна за да се преживее, а во текот на годината имате три дена боледување. За годишен одмор, коментира таа, може само да сонувате.

Алма својата работа од соништата ја добила откако на интернет-страница за вработувања ги оставила своите референци. Набргу ѝ се јавиле со понуда за работа во Катар. Таа ја прифатила понудата, но откако пристигнала во Катар сфатила дека вработувањето не е според договореното.

-Во договорот што го потпишувате сè убаво пишува, но никој не се придржува до него. Ветуваат стан за самец, но на крајот завршувате во куќа со шестмина и делите заедничка бања. Ветуваат три или четири недели годишен одмор, но од тоа нема ништо. Тие што тужат ги губат споровите бидејќи вообичаено судовите чекаат спорот да застари – вели Талетовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top