| четврток, 6 декември 2018 |

Феноменалниот гол на Дибиров според ЕХФ заслужи трето место (видео)

Тимур Дибиров си поигрува со противничките голмани, лепезата на удари му е неверојатна, а и против Целје постигна феноменален гол од крилна позиција. На неговите потези се потскокнува од место, рускиот ас како да игра кошарка, рутински ги положува топките во мрежа, а во арената „Златорог“ повтроно блескаше со 11 погодоци.

dibirov

Голот што со лоб удар и вртена топка го постигна во второто полувреме против Целје е вонвременски, но според изборот на ЕХФ го заслужи само третото место на топ 5 листата со најубави голови.

Погледнете го голот на Дибиров овде и проценете дали е најубав во првата рунда од Лигата на шампионите.

Во три избори што редовно ги прави ЕХФ, ракометарите на Вардар и на Металург си најдоа свое место. Голот на Дибиров е треторангиран во топ 5, Дарко Станиќ ја има најдобрата одбрана на колото во дресот на Металург против ПСЖ, а Дибиров и Дујшебаев од Вардар имаат место во иделаниот состав на првата рунда во елитното натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top