Поранешниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Лоренцо, е победник на 14. трка од светскиот шампионат. Ова е само прва победа за Лоренцо во овогодишното натпреварување. Тој досега има разочарувачка сезона со заостаток од цели 90 бода зад лидерот и негов сонародник, актуелниот светски шампион Марк Маркез на четири трки до крајот.
По излетувањата од патеката на главните конкуренти за победата Маркез и Валентино Роси, на Лоренцо не му беше тешко да направи предност од 10 секунди над второпласираниот Алекс Еспаргаро и заслужено да се радува на првиот триумф. На третото место се пласираше Карл Крачолоу.
Маркез излета од стазата пред крајот на трката, но успеа да се врати и да освои два бода пласирајќи се на 14 место.
Валентино Роси исто така излета од патеката и мораше да биде изнесен на носилка, а потоа да биде објавено дека нема сериозна повреда.
Во генералниот пласман води Марк Маркез со 292 бода пред неговиот клупски колега Дани Педроса со 217 и Валентино Роси со 214.
До крајот на шампионатот остануваат уште четири трки, а следната се вози во Јапонија на легандарната патека Мотеги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


