Плејмејкерот на Бостон Селтикс, Ражон Рондо, ќе ги пропушти комплетните подготовки на својата екипа бидејќи ќе отсуствува шест недели поради скршеница на раката.
Рондо на раководството на клубот му објаснил дека до повредата дошло откако се лизнал во кадата додека се туширал.
Меѓутоа, според новинарите на „И-Ес-Пи-Ен“, таа приказна не е вистинита, односно Рондо повредата ја заработил скокајќи на трамболина за време на роденденската прослава на својата ќерка.
Доколку се докаже како точна информацијата дека ја скршил раката скокајќи на трамболина, Рондо би можел да се соочи со одредени санкции бидејќи на играчите пред почетокот на подготовките им е забрането да се занимаваат со каков било спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.