| четврток, 6 декември 2018 |

Германците докажале дека судискиот спреј е опасен по живот

brazil-sprej-svjetsko-300x202

Германските научници деновиве докажале дека спрејот што го користат фудбалските судии во Премиерлигата, Серија А и во уште некои посилни фудбалски лиги, всушност, е опасен по здравјето.

Спрејот ја содржи штетната супстанција парабен, за која има основано сомневање дека предизвикува канцер. Поради тоа, Бундеслигата одбива да го користи овој нов изум на ФИФА.

Надлежните во Германија се загрижени дека спрејот сериозно може да го загрози здравјето на луѓето, а, згора на тоа, овој производ, врз основа на параметрите, не би смеел да се користи и во земјите на Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top