СВР Скопје – Единица за општ криминал – Одделение за малолетничка деликвенција и за семејно насилство поднесе кривична пријава против две малолетни лица на возраст од 16 и од 17 години како и против Н.Џ.(20), тројцата од Скопје поради основано сомнение дека извршиле кривично дело предизвикување општа опасност.
На 30 септември во времето од 15.45 до 16.15 часот во Средното економско-правно училиште „Арсени Јовков“’, поточно за време на големиот одмор, пријавените со спреј испрскале неколку ученици и дел од просториите од училиштето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.