По два порази предходната година против Металург и Вардар најбогатиот светски ракометен клуб конечно го победи проклетството од „Борис Трајковски“.
Иако разликата е 5 голови сепак ПСЖ се мачеше во најголемиот дел од мечот.
Металург „падна“ во последните 7 минути откако на само два разлика чист „зицер“ од само три метри промаши Ојлевски по што Металург не можеше да се врати во мечот.
Во тимот на Металург најдобар беше Станиќ кој воопшто не беше најавен да настапи со 11 а една повеќе имаше неговиот колега на голот на ПСЖ Омејер.
Кај домаќините најефикасен беше Миркуловски кој постигна 5 гола , Хансен кај ПСЖ беше најефикасен со 6 голови, пет голови постигна Лук Абало.
Следното коло Металург игра со Брест Мешков
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.