| четврток, 6 декември 2018 |

Металург рамноправен со францускиот гигант, блескаат Миркуловски, Манасков и Станиќ

И покрај големата предност од 4 гола разлика во првите 15 минути Металург успеа да изедначи на 11:11 на крајот на првото полувреме со остана во игра за повторување на ланската победа против најскапиот светски ракометен тим.

Французите кои што имаат по најмалку две „милионски“ имиња на секоја позиција не успеаа да заминат со предност на одмор откако Миркуловски, Манасков со по 3 гола и Станиќ со 7 одбрани не дозволија ПСЖ да ја задржи предноста.

Реакцијата на тренерот Червар кој на 4 гола разлика побара тајм аут и ги искара своите играчи барајќи да се борат повеќе доведе до поголема коннцентрација во редовите на домаќините по што на полувреме се замина со нерешен резултат.

Поради црвен картон денеска не игра најефикасниот играч на Металург  Вугринец а во текот на првиот дел португалските судии направија неколку грешки на сметка на домаќините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top