Актуелниот европски првак Фленсбург настрада во Данска против Колдинг во првото коло од ракометната Лига на шампионите. Германците минаа како „боси по трње“ и загубија со неверојатни 14 гола разлика, а на семафорот во Колдинг стоеше резултат 35-21.
Лани Фленсбург се провлече против македонскиот претставник Вардар во четвртфиналето и се најде на фајналфор турнирот во Келн, благодарение на среќата, а таму блескаше и ги изненади фаворитите Барселона и Кил и ја освои титулата европски првак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.