Во Скопската населба Ченто денеска еден возач си земал право да го регулира сообраќајот на семафори. Најверојатно не се работи за полицајци во цивилно возило затоа што на возилото немало никаков знак дека се работи за полициско возило или дека возачот е службено лице.
Околу 15 часот црн голф застанал среде раскрсницата на семафорите на претпоследната автобуска станица од линијата 45 и го блокирал сообраќајот додека не минале возилата на неговите другари и роднини.
Читателот на „Република“ што ни ја прати фотографијата и информацијата за инцидентот вели дека во моментот кога црниот голф со скопски регистерски таблички ја блокирал улицата за малку бил избегнат сериозен инцидент затоа што семафорот покажувал зелено а од блокираната улица доаѓале неколку возила.
Во колоната возила која што се движела откако црниот голф го запрел сообраќајот неколу деца со поголем дел од телата биле излезени надвор од возилата преку прозорците што е дополнителна опасност за безбедноста во сообраќајот.
Пред десетина дена владата започна кампања со која треба да се намалат жртвите и сообраќајните инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
„Голф“ удри во трактор кај Неготино – едно лице итно пренесено на скопските клиники
-
Инцидент на Тур де Франс, полициски солзавец ја прекина трката (ФОТО)