| четврток, 6 декември 2018 |

На 52 години се омажи Беби Дол (ФОТО)

Пејачката Драгана Шариќ, на поранешните југословенски простори позната како Беби Дол, во петокот се омажи со Американецот Алекс, во општината во Белград.

Двојката бракот го прослави со интимна веселба со 30-тина роднини и пријатели. Инаку ова е прв брак за 52-годишната Беби Дол, која секогаш велеше дека не сака да се мажи, зошто ќе мора да се разведе.

Кум на свадбата беше хрватскиот музичар Оливер Мандиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top