Златна победа на Вардар во „Златорог арена“ против Целје со 27-26 во првото коло од новото издание на Лигата на шампионите. Арпад Штербик е јунакот на блескавиот триумф, едноставно несовладлив на голот на „црвено-црните“, кои триумфално се враќаат во Скопје. Со вкупно 21 одбрана, 34-годишниот голман на Вардар заслужи место во идеалниот состав на првата рунда во ЛШ, а таму сигурно ќе се најде и Тимур Дибиров со неверојатниот гол во второто полувреме од крилна позиција и со серијалот прекрасни удари. Токму Дибиров беше најрасположен за погодоци и дури 11 пати ја затресе мрежата на домаќините. Рамо до рамо до него е Алекс Дујшебаев со 8 погодоци, а ефикасен беше и Немања Прибак со 4 реализации.
Почетокот на мечот не ветуваше победа на гостите од Скопје, а разиграните домашни ракометари имаа предност во првата третина од мечот од 11-5. Се разбрани Штербик, тој прикажа една од најдобрите партии во историјата на Лигата на шампионите и со 21 одбрана го водеше Вардар до триумф. До полувремето „црвено-црните“ израмнија на 12-12, но повторно Целје диктираше темпо се до последната делница. Вардар поведе со 27-25 во 58. минута, со што навести дека ќе ги освои бодовите, кои вредат двојно бидејќи се освоени на гостински терен.
Загрижувачки е што само петмина ракометари на Вардар постигнаа голови, но сепак треба да се напомене дека ова е само почеток на напорните дуели нво Лигата на шампионите. Во втората рунда на 4. октомрви во Скопје ќе гостува рускиуот тим Чеховски Медведи, екипа пто денеска е поразена дома од Веспрем со 32-37.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


