Во дел од реакцијата за средбата на двајцата шефови на дипломатриите на Грција и на Македонија, Венизелос и Попоски, грчкото МНР лиферуваше соопштение во кое го пренесува Венизелос дека „ прашањето за името има централна позиција во домашната политичка дебата во Македонија. Грчкиот став по ова прашање е формиран одамна, има поддршка од широк консензус, а не е под влијание на домашни политички причини со кус рок“.
Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски за „Република“ посочува дека оваа реакција е беспредметна.
-Безпредметна е оваа реакција, бидејќи и кај нас одамна е изграден ставот дека не доаѓа предвид компромис за името на штета на македонскиот идентит. Овој став е базиран на грчката заблуда дека Македонците инсистираат на своето себеидентификување како Македонци заради „пропагандата и манипулацијата на Никола Груевски“, односно, како претходно велеа, „пропагандата и манипулацијата на Киро Глигоров“. Нивната надворешна политика е во голема заблуда бидејќи одбиваат да согледаат дека постои еден нивен сосед кој е себедефиниран и освестен народ.
Прашан дали можеби Грција не ја препознава таа македонска дефинираност на ставот и притоа во зборовите „централна позиција во дебатите“ и „влијание на кус рок“, можеби се посочува кон македонската опозиција како кон иден партнер за надминување на прашањето, Боцевски додава,
-Во својот очај раководстото на СДСМ прибегнува кој една реторика која што праќа вакви сигнали кон Република Грција, но јасно е дека таа реторика прозлегува од нивната потреба да се противат на сѐ. Доколку тие бидат во позиција која би носела одговорност, и тие ќе се однесуваат поинаку- додава Боцевски за „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


