Хрватскиот интернационалец Блаженко Лацковиќ доби црвен картон во вториот дел од дуелот меѓу Целје и Вардар и веројатно нема да игра за „црвено-црните“ во второто коло од Лигата на шампионите против Чеховски Медведи. Лацковиќ направи фаул во десеттата минута од вториот дел и заработи директен црвен картон, што според правилата на ЕХФ значи дека ќе нмема право на настап на следниот меч во ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


