| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн царува во Бундеслигата, дербито на Рур за Шалке 04

Баерн Минхен повторно победи во Бундеслигата и со 14 бода го задржа врвот на табелата во германското првенство. Во Келн Баварците славеа рутински со 2-0 и по шест кола имаат 4 победи и две нерешени средби.

Геце и Халфар со автогол му донесоа нови три бода на шампионот, кој е главен фаворит за нов трофеј во Бундеслигата.

Во фокусот на вниманието беше рурското дерби во Гелзенкирхен, а Шалке 04 славеше голема победа од 2-1 против лутиот ривал Борусија Дортмунд. Сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме. Шалке поведе со 2-0 со головите на Матип и на Чупо Мотинг, а намали на 1-2 Обамејанг во 26. минута, кога беше поставен и конечниот резултат.

Останати резултати, 6. коло: Падерборн – Борусија Менхегладбах 1-2, Фрајбург – Баер 0-0, Штутгарт – Хановер 1-0, Волфсбург – Вердер 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top