Арпад Штербик брани извонредно во Целје и со 11 одбрани не дозволи поранешниот европски првак Целје Пивоварна да направи осетна разлика против Вардар по првото полувреме.
Нерешено е 12-12 по 30 минути, а Штербик е најзаслужен што Целје не го одлучи дуелот од првото коло во Лигата на шампионите уште по првиот дел. Словенците имаа предност од 6 голови разлика, 11-5, но голманот на Вардар ги спушти ролетните и го остави македонскиот престставник во игра за бодовите.
Дујшебаев со 5 гола е најефикасен на мечот, а зад него е Дибиров со 4 погодоци. Кај домаќините се истакна Зарабец со 3 прецизни удари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


