Во Ресен денеска беше пуштен во употреба системот за управување со органски отпад – Компостара во Ресен, прв од ваков вид во земјата и пошироко во регионот.
На свеченоста по тој повод присуствуваа заменик – министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон, швајцарскиот амбасадор во Македонија, Стефано Лазарото, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Михаил Цветков и градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски.
Потенцирајќи дека за прв пат во државата и пошироко во регионот се спроведува централизиран систем за управување со органскиот отпад, преку кој отпадот се трансформира во производ со економска и еколошка вредност, заменик – министерот Темелковски изрази уверување дека функционирањето на системот ќе придонесе да се намали притисокот врз Преспанското езеро и врз животната средина, да се подобри состојбата со почвата и водата во регионот и да се намали загадувањето.
Пуштањето во употреба на системот за управување со органски отпад е овозможено со финансиска поддршка од швајцарската агенција за поддршка и развој (СДЦ) и Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) преку проектот за заштита на Преспанското езеро, со подршка од Министерството за животна средина и Општина Ресен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


