| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес во Ресен

Земјотрес со интензитет меѓу 3 и 4 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во Ресен и околината.

Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северно од Ресен, а е регистриран од телеметриската мрежа во 20.01 часот.

Во Охрид, Ресен и во другите околни населени места во околината летово беа почувствувани голем број земјотреси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top