
Претседателот на шпанскиот регион Каталонија, Артур Мас денеска го потпиша декретот за референдум за независност, кој ќе се одржи на 9. ноември.
Владата во Мадрид декретот го оцени како кршење на шпанскиот Усрав и најави дека ќе го блокира одржувањето на референдумот.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој свика специјална седница на Владата за референдумот во Каталонија.
Шпанската Влада планира да го оспори пред Уставниот суд неодамна усвоениот каталонски закон кој овозможува одржување на референдум за независност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


