Слабиот рејтинг на СДСМ продолжува, а доказ за тоа е и последната анакета на ИРИ. Според последната анкета спроведена на крајот на минатиот и почетокот на овој месец доколку утре би се одржале парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ би освоила 29 отсто од гласовите, опозициската СДСМ 10 отсто, ДУИ 13 отсто, а ДПА 3 отсто од гласовите. 72% од граѓаните сметаат дека немало притисок на избори, 15% сметаат дека имало, односно познавале луѓе кои тврдат дека имало притисок, а 7% почуствувале личен притисок.
Според познавачите, токму критиките испратени до Заев од поддржувачите на опозицијата ја откриваат суштинскат
Доцент д-р Иванка Додовска од Правниот факултет смета дека анкетата на ИРИ уште еднаш ја потврдува реалната слика за политичката сцена во Република Македонија.
-Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ искажана во процентите на три пати поголемиот рејтинг на владејачката ВМРО-ДПМНЕ кажува две работи: за реформските чекори на владејачката ВМРО-ДПМНЕ наспроти нејасниот и недефиниран партиско-политички концепт на СДСМ. Анкетата на ИРИ има и уште една, според мене, мошне важна порака, а истата ја гледаме во процентуалниот сооднос на силите со кои наједноставно се нуди одговорот на опозицијата во врска со бесмисленоста на вештачки создадената парламентарна криза и нивното негирање на изборните резултати од предвремените парламентарни избори, оваа пролет, вели Додовска.
Таа додава дека овој реномиран институт во минатото изгради висок углед и оттаму аргументите кои ги нуди ова нивно последно истражување говорат самите од себе т.е. истите укажуваат на катастрофално лошата политичка проценка на раководството на СДСМ како и за беспредметното задржување на опозицискиот врв од страната на некомпетентното и крајно неефикасното раководство предводено од Зоран Заев и неговите соработници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.