Целта на СДСМ е преку Специјалното обвинителство да се дефокусира ВМРО-ДПМНЕ од изборната трка и да се нападнат директно луѓето кои би можеле да се најдат како носители на пратеничките листи смета доц. д-р Иванка Додовска која вели дека уште од самиот почеток целата концепција околу СЈО е дискутабилна поради едноставниот факт кој се состои во неуставноста на оваа институција.
-Очекувам специјалната јавна обвинителка Јанева и институцијата која ја предводи во наредниот период да се соочат со дихотомноста на овој паралелен институт и по истрагите за кои се задолжени, а кои произлегуваат од нелегално прибавените приватни телефонски разговори да почнат со откривање на одговорот на фундаменталното прашање поради кое и започна политичката криза во Република Македонија т.е. кој, зошто, кога, како и каде му ги достави овие доверливи документи на г-динот Заев?, вели Додовска.
Експертите очекуваат на овие избори да се избира помеѓу два концепти и тоа оној на деструкција и криза кој го нуди СДСМ заедно со посегнување по суверенитетот на државата и ентузијазам и квалитетна програма која ќе реши многу проблеми понуден од ВМРО-ДПМНЕ.
-Повеќепати до сега имам коментирано дека СЈО е последниот адут во рацете на опозицијата. Во недостиг на квалитетни кадри, без квалитетни програмски предлози и без визија за развој на државата, актуелното раководство на опозицијата има шанса само доколку се дискредитира владиниот тим на Груевски. Според мене, тоа беше и главната причина поради која се бараше одложувањето на изборите кои беа предвидени да се одржат на 24 април и поради тоа, доколку внимателно се следат изјавите на протагонстите на опозицијата, нивната реторика е недефинирана и во однос на новиот термин за одржување на предвремените парламентарни избори т.е. 5 јуни, оваа година, смета Додовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.