Кој губи има право да се лути, вели народната поговорка, па така Французите кои во недела ни гостуваат се расплакаа по минатогодишниот пораз од Металург со 26-28 во СЦ Борис Трајковски. На официјалната клупска страница на Пари Сен Жермен, наместо да го признаат апсолутно заслужениот пораз на својот прескап тим со буџет од над 13 милиони евра, тие објавија поплаки на атмосферата во салата „Борис Трајковски“, на наводниот притисок врз судиите и на ред други работи.
„Рецептот во Македонија се знае. Притисок врз судиите, дезинформации, итроштини и сето тоа се претвора во премногу жешка атмосфера“, пишува на сајтот на популарните „светци“. Дрим-тимот од играчи со безброј медали од најголемите натпреварувања, спој на прекалени интернационалци од калибарот на Хансен, на Абало, Нарцис, Бојиновиќ, Онрубија, Мелиќ… минатата година очекуваа лесна победа, а им се случи крах на теренот… По ова се извинија, ама…
Дали утре нашите металурзи ќе им потврдат уште еднаш дека се работи за исклучително квалитетен тим кој со игра знае да се спротистави и на најскапите состави? Металург се сретнува со ПСЖ утревечер, прв меч во рамките на ракометната Лига на шампиони. Пари Сен Жермен доаѓа да се реваншира на истиот датум на кој лани го доживеа својот прв пораз во Лигата на шампионите, после кои следуваа уште пет. Доаѓа забревтан, по одличните летни подготовки и успешниот старт на новата сезона. Доаѓа со скор од десет победи, еден пораз и една титула која веќе ја освои на почетокот на оваа сезона, “Трофејот на шампионите“. Доаѓа посилен, помотивиран и со јасна цел – да се реваншира за поразот, кој лани ја запрепасти Европа.
Металург ќе му се спротистави со својот колектив, со својот инает, со своето срце и со поддршката на својата публика. Ќе биде тешко, но таква е Лигата на шампионите.
Утре ќе се води епска битка. Тоа го почувствува и ЕХФ, па натпреварот го прогласи за меч на колото. Утре вниманието на цела ракометна Европа ќе биде насочено кон Скопје и кон СЦ “Борис Трајковски“.
Па, нека се дигне завесата, нека почне натпреварот.
Да се потсетиме на извонредната атмосфера во последните 30 секунди од минатогодишниот меч меѓу Металург и ПСЖ:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)