| четврток, 6 декември 2018 |

Со скриена камера го снимила животот под режимот на ИСИС (видео)

nicab

Една храбра жена успеа со скриена камера да сними како изгледа режимот на ИСИС за светот да добие кратка и јасна слика за тоа што се случува таму.
Во видеото се гледа мајка која вооружена со АК-47 го носи своето дете на игралиште, маж како и наредува на жената комплетно да го покрие лицето бидејќи „Бог ги сака покриените жени“, како и жени кои во интернет кафе комуницираат со роднините од Франција и објаснуваат дека не ризикувале доаѓање во Сирија за потоа да се вратат во Франција.

Според информациите, околу 150 жени од Франција се во Сирија и живеат заедно со милитантите, а таму пристигнале како невести за џихадистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top