| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот дедо на Клуни ќе ја плати неговата венчавка

kluni

Денеска еден од најпосакуваните ергени, педесетитри годишниот Џорџ Клунис во Венеција ќе го каже судбоносното „да“. Тој ќе се венча со триесетиседум годишната британската адвокатка Амал Аламудин. За Клуни ова ќе биде втор брак. Тој четири години беше ви брак со актерката Талија Балсам, некаде на крајот на деведесетите години од минатиот век.

Венчавката ќе се одржи во познатата палата Пападополи, хотел со 7 ѕвездички кој нуди соби со најубав поглед на градот. На церемонијата ќе пее познатиот оперски пејач Андреа Бочели и пејачката Лана Дел Реј. Венчавката ќе чини 5 милиони долари а интересно е што прославата според либанската традиција ќе ја плати таткото на невестата, Ремзи. Амал ќе носи венчален фустан од модната куќа „Меквин“ од која венчален фустан носеше и принцезата Јект Мидлтон.

800px-Palazzo_papadopoli_gran_canal_san_polo

Венчавката треба да ја изврши Валтер Велтрони, поранешниот градоначалник на Рим. Меѓу гостите ќе се појават Кејт Бланшет, Мет Дејмон, Боно Вокс, Синди Крафорд, а можно е доаѓање на Бред Пит и Анџелина Џоли..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top