
Граѓаните и фирмите се повеќе штадат. Депозитите во банките и штедилниците забележуваат рекорден пораст, покажуваат последните информации на Народната банка на Република Македонија. Само во август се вложени речиси 100 милиони евра во македонските банки. Од јули до крајот на август вкупната депозитна база во банките е зголемена за скоро 85 милиони евра.
Според податоците на НБРМ, во август салдото на штедните влогови изнесувало 4,4 милијарди евра, што е рекордно највисоко ниво, додека во јули, вредноста на вкупната депозитина база изнесувала 4,3 милијади евра.
Лидер објави дека ваков статистички скок не е забележан во ниту еден месец претходно. За експертите позитивно е тоа што компаниите вкупно во домашнте банки депонирале 60 милиони евра, што значи дека нивната ликвидност се подобрува. Со овој раст, салдото на фирмите достигна 977 милиони евра, во споредба со 917 милиони од јуни. Од друга страна, салдото на граѓаните се зголемило за вкупно 27,7 милиони евра, па во август граѓаните на своите штедни книшки имале речиси 3,2 милијарди евра.
Банкарите велат дека се случува позитивен пресврт во делот на депозитите на фирмите. Она што беше честа пракса порано- компаниите да повлекуваат пари од банките наместо да вложуваат сега е намалена, бидејќи имаме обратна ситуација од почетокот на годинава. Сега фирмите наместо да повлекуваат пари- вложуваат во банките, а депозитите одат во нагорна линија.
Штедењето во денари сѐ уште има примат пред она во девизи. Податоците на НБРМ покажуваат дека и натаму во валутната структура на депозитите доминираат денарските. Имено, во истиот период банките забележале 2,5 милијарди евра денарски штедни влогови и 1,8 милијади евра девизни штедни влогови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


