Индискиот бизнисмен Субрата Рој ќе гради спомен обележје на Мајка Тереза. Неговата желба од јуни минатата година полека се реализира. Премиерот Никола Груевски ја овластил министерката за култура Елизабета Канческа Милевска да склучи договор со фирмата на Рој, за изградба на обележје посветено на Мајка Тереза во Скопје. Се работи за објект на плоштадот Македонија, меѓу хотелот кој го гради „Дивелоп Груп“ и хотелот кој треба да го гради грчкиот бизнисмен Кондоминас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.