| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја призна дека Ким Јонг Ун е болен

North Korean leader Kim Jong Un guides the multiple-rocket launching drill of women's sub-units under KPA Unit 851

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун боледува од болест на зглобовите – се вели во новинарски извештај што е всушност прва официјална потврда за слабото здравје, откако Ким беше долг период надвор од очите на јавноста. 
– Врз основа на неговото одење, се чини дека има гихт (воспаление на зглобовите), нешто што произлегува поради исхраната или генетските преодредби кои влијаеле на другите членови од фамилијата на Ким – изјави Мајкл Маден, експерт за раководството на Северна Кореја. 

Ким бил виден како оди со тешкотии за време на настан со високи функционери во јули и претходно снимениот документарен филм кој вчера беше емитуван од државните медиуми, а на кој видно се гледале неговите потешкотии при одење. 

Документарецот беше проследен со претходно снимен пренос од средба на севернокорејското врховно народно собрание на која Ким Јонг Ун очигледно беше отсутен. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top