| четврток, 6 декември 2018 |

Класичен јапонски но театар во Скопје

unnamed

По повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Јапонија и Македонија, Амбасадата на Јапонија во соработка со Театар Комедија ја претставува првата изведба на класичен јапонски но театар во Скопје, на 27 септември во 20 часот.

Но е театарска уметничка форма која датира од 14 век. Претставува комбинација на драма, музика и на танц, а се пренесувала низ генерациите до денешен ден во речиси неизменета форма. Во 2001 година но театарот е прогласен за ремек-дело на усното и нематеријалното наследство на човештвото од страна на УНЕСКО.

Кјутаро Хашиока како претставник на деветтата генерација актери на но, од семејството Хашиока, ќе даде преглед на оваа јапонска театарска форма со изведби на сцени од славните но дела „Хагоромо“ и „Такасаго“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top