| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува со Луис Суарез (фото)

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез повторно се најде на цел на новинарите, но овој пат поради својата тежина.

По натпреварот меѓу Барселона Б и младата селекција на Индонезија се појавиле фотографии на кои се гледа дека Суарез се здебелил откако дојде на „Камп ноу“.

Suarez-Barsa-B

Според пишувањата на шпанските медиуми, се проценува дека Уругваецот се здебелил од осум до 10 килограми и дека поради тоа е далеку од својата препознатлива форма.

Суарез на натпреварот постигна два гола во победата од 6-0.

Suarez-Barsa-B-2

Каталонскиот весник „Мундодепортиво“ објави информација дека Барселона има посебен третман за Суарез за да ослаби и да се врати во вистинската форма за дербито против Реал Мадрид на 25 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top