Сличноста меѓу Златан Ибрахимовиќ и овој бугарски новинар е фасцинантна. Сепак, сличноста со шведската фудбалска ѕвезда на бугарскиот новинар Христо Христов не му се допаѓа.
При гостувањето на Христо Христов во една телевизиска емисија, кој се занимава со истражувачко новинарство, е направена фотографија на која тој многу потсетува на шведскиот ас.
Сликата веднаш била поставена на „Твитер“ и таа за многу кратко време го обиколи светот поради сличноста на овие двајца луѓе.
Сепак, на новинарот не му се допаѓа сличноста со фудбалерот бидејќи, како што изјавил, тој се занимава со истражувачко новинарство, што е сериозна професија, и сите сличности со „таму некој фудбалер“ не му се допаѓаат.
Би било интересно Ибрахимовиќ да се изјасни што мисли за оваа неверојатна сличност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


