| четврток, 6 декември 2018 |

Надал се врати на теренот по пауза од два и пол месеца

Рафаел Надал се врати на тенискиот терен по пауза од два и пол месеца поради повреда на зглобот на десната рака. Шпанецот одигра егзибициски турнир во Астана, Казахстан со Французинот Жо Вилфред Цонга. Последниот натпревар што го одигра Надал беше во четвртото коло на Вимблдон. Тој падна на втората позиција на листата на АТП откако не успеа да се врати на турнирите во Торонто, Синсинати и на Отвореното првенство на САД, и да ги одбрани поените од минатата година.
Тој беше воодушевен од првиот меч по долгата пауза и не пропушти да напише на „Твитер“ дека е задоволен и дека тоа е она вистинското.

rafael nadal 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top