Три деца од ромска националност загинаа минатата ноќ во пожар во белградската општина Нов Белград, јави Танјуг.
Како што соопшти началникот на Службата за вонредни состојби на Белград, Раде Милошевиќ, во пожарот изгорела барака од 20 квадратни метри, кој била изградена од картон и од штици.
Милошевиќ додаде дека набрзо по избувнувањето на пожарот на местото пристигнале две противпожарни возила, но бараката веќе била целоно уништена имајќи го предвид типот на градбата.
Портпаролот на Брзата помош, Нада Мацура, за Танјуг изјави дека загинатите деца биле на возраст од пет, седум и од девет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



