Нема никакви слонови на долгоочекуваната венчавка на Бред Пит и Анџелина Џоли иако во медиумите се појавија такви информации. Организацијата за заштита на животните ПЕТА соопшти дека на церемонијата нема да има „растителен и животински свет“.
Шпекулациите во медиумите велеа дека на спектакуларната свадба на Џоли и Пит ќе има слонови, и тоа по еден за секој член на семејството. ПЕТА соопшти дека тоа не е точно и дека такво нешто не се совпаѓа со карактерите на славната двојка која донираше милиони за заштита на земјиштето и на дивите животни во Африка.
Венчавката на Пит и Џоли се претпоставува дека ќе се одржи во Франција во мај оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Се отвара живеалиштето на Дуња и Даела: Во Зоолошка ќе можат да се видат двете слоници!
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте