Како увертира на вчерашното официјално отворање на„ Штипската Пастрмалијада 2014„ првиот ден точно на пладне се промовираше традиционалната џиновска пастрмалија, испечена во фурните на најголемата пекара за леб и бели пецива во регионот, пекарата „Жито леб„ која работи во состав на ПТП„ Макпромет„ од Штип.
Пред насобраниот народ џиновската пастрмалија ја пресече градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев, а потоа граѓаните меѓу кои најмногу имаше деца вкусија дел од големата пастрамалија долга речиси 2 метри, а широка половина метар за која е потрошено 33 килограми тесто и 17 килиограми месо . Пастрмалијата ја сервираа ученици по угостителство и туризам.
„Пастрмалијата како брендиран специјалитет е штипски белег. За оваа голема и вкусна пастрмалија им благодарам на вработените во Макпромет. Направивме се граѓаните и сите гости кои овие неколку дена ќе престојуваат во Штип, да се чуствуваат пријатно. Граѓаните на Штип заслужуваат една ваква врвна манифестација. Од лани досега многу го разубавивме и овој дел на градот покрај реката Брегалница. Сигурен сум дека овие денови ќе уживаат сите кои за прв пат доаѓаат во Штип, но и оние кои ќе ја видат разликата во уреденоста од лани „ рече градоначалникот на Штип.
За цело време додека траеше церомонијата со џиновската пастрмалија имаше културно-уметничка и забавна програма, а водител како и во претходните години беше популарниот актер, музичар и шоумен Раде Рогожаров. На големата бина настапија деца од детската градинка Астибо, а попладнето свое шоу имаат неколку млади групи и пејачи од Штип.
Официјалното отворање беше во 19 часот. Пастрмалијадата ја отвори градоначалникот Захариев, а потоа настапија пејачи од Македонија а главни звезди за првата вечер беа Маја Вукичевич, а од 23 часот Елена Ристеска. По нив настапија неколку диџеи од Македонија.
Bottom of Form
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


